СОУ „Гошо Викентиев“ в петок организира отворен ден за идните средношколци

СОУ „Гошо Викентиев“ во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ преку отворен ден за идните средношколци, в петок на 7-ми мај со почеток од 13 ч. во училишниот двор ќе одржи промоција на струките и профилите за учебната 2021/2022 година.

Во трите струки, електротехничката, машинската и сообраќајната струка предивдено е да се изучуваат девет образовни профили.

-Промоцијата е дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ организирана од Министерството за образование и наука.  По тој повод ги покануваме сите деветтодделенци и нивните родители да присуствуваат на настанот на кој ќе се запознаат со струките, профилите и можностите кои ги нуди нашето училиште, истакна Тони Велков, помошник – директор на СОУ „Гошо Викентиев“.

Велков додаде дека покрај струките и профилите ќе бидат промовирани дуалните паралелки и можностите за стипендирање на учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки, тригодишното образование и промоција на локалните комапнии кои се партнери на училиштето во кои учениците ќе ја изведуваат парктичната настава.

На настанот ќе присуствува и Министерката за образование и наука Мила Царовска како и претставници од Министерството за образование и наука.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: