Претставници на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани и Ве Ефект Стокхолм – Шведска подружница Скопје денеска потпишаа договор за соработка во рамки на заедничи проекти поврзани со социо-економско зајакнување на ранливите и маргинализираните групи од руралните и подурбаните области 2021 -2023 год.

Целта е поголем број на Роми да имаат капацитети и пристап до пазарот на труд, да ги преземат можностите за вработување и деловно работење во избраните пазарни системи.
Целите на интервенција се насочени кон решавање на една од најважните основни причини што го оневозможуваат вработувањето на Ромите. Ќе се користи нововоспоставен систем на средно дуално образование за да одговори на образовните потреби на учениците Роми.
СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани