По подолг период, нашето училиште направи поголема капитална инвестиција која се состои од најсовремена опрема во делот на информатиката и компјутерско управувани машини CAM/CAD моделирање.
25 All in OneDestop PS и 15 mini PS со кои ќе бидат опремени сите кабинети за да можат професорите да спроведуваат посовремена настава
50 лаптопи кои ќе ги користат учениците за потребите на поквалитетна и посовремена практична настава
три 3D принтери кои ќе бидат наменети за учениците од електротехничка и машинска струка и воедно ќе бидеме први во нашиот регион кој поседува ваква опрема која воедно е опрема без која не може да се замисли иднината во стручното образование.
СОУ „Гошо Викентиев“