СОУ „Гошо Викентиев – Јавен повик за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на училишна спортска сала

ЈАВЕН ПОВИК за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на училишната спортска сала во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани:

1. Предмет на овој јавен повик е:

1.1. Учество на јавно наддавање за распределба на термините за користење на училишната спортска сала во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.

1.2. За користење научилишната спортскасала во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани се распределуваат следните термини:

Работни деновиПонеделникВторникСредаЧетвртокПеток
  1 (прв) терминОд 19:30 часот до 20:30 часотОд 19:30 часот до 20:30 часотОд 19:30 часот до 20:30 часотОд 19:30 часот до 20:30 часотОд 19:30 часот до 20:30 часот
  2 (втор) терминОд 20:30 часот до 21:30 часотОд 20:30 часот до 21:30 часотОд 20:30 часот до 21:30 часотОд 20:30 часот до 21:30 часотОд 20:30 часот до 21:30 часот
  3 (трет) терминОд 21:30 часот до 22:30 часотОд 21:30 часот до 22:30 часотОд 21:30 часот до 22:30 часотОд 21:30 часот до 22:30 часотОд 21:30 часот до 22:30 часот
  4 (четврт) терминОд 22:30 часот до 23:30 часотОд 22:30 часот до 23:30 часотОд 22:30 часот до 23:30 часотОд 22:30 часот до 23:30 часотОд 22:30 часот до 23:30 часот
Неработни деновиСаботаНедела
1 (прв) терминОд 09:00 часот до 10:00 часотОд 09:00 часот до 10:00 часот
2 (втор) терминОд 10:00 часот до 11:00 часотОд 10:00 часот до 11:00 часот
3 (трет) терминОд 11:00 часот до 12:00 часотОд 11:00 часот до 12:00 часот
4 (четврт) терминОд 12:00 часот до 13:00 часотОд 12:00 часот до 13:00 часот
5 (пети) терминОд 13:00 часот до 14:00 часотОд 13:00 часот до 14:00 часот
6 (шести) терминОд 14:00 часот до 15:00 часотОд 14:00 часот до 15:00 часот
7 (седми) терминОд 15:00 часот до 16:00 часотОд 15:00 часот до 16:00 часот
8 (осми) терминОд 16:00 часот до 17:00 часотОд 16:00 часот до 17:00 часот
9 (девети) терминОд 17:00 часот до 18:00 часотОд 17:00 часот до 18:00 часот
10 (десети) терминОд 18:00 часот до 19:00 часотОд 18:00 часот до 19:00 часот
11 (единаесети) терминОд 19:00 часот до 20:00 часотОд 19:00 часот до 20:00 часот
12 (дванаесети) терминОд 20:00 часот до 21:00 часотОд 20:00 часот до 21:00 часот
13 (тринаесети) терминОд 21:00 часот до 22:00 часотОд 21:00 часот до 22:00 часот
14 (четиринаесети) терминОд 22:00 часот до 23:00 часотОд 22:00 часот до 23:00 часот

2. Почетна цена на наддавање:

Надоместокот за користење на училишната спортска сала за спортските здруженија односно клубови ќе се плаќа од тренинг односно за време од 90 минути, а за рекреативците за време од 60 минути.

2.1.  За спортските здруженија (клубови) по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00денари, а во деновите на викенд почетна цена од 1000,00 денари.

2.2. За група рекреативци по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00 денари, а во деновите на викенд почетна цена од 1000,00денари.

3. Ден и место на одржување на јавното наддавање:

3.1. Јавното наддавање ќе се одржи на ден 15.10.2024 година во салата за состаноци во СОУ „Гошо Викентиев“ -Кочани со почеток во 10:00 часот.

Јавното наддавање ќе го спроведе Комисија формирана од директорот на училиштето. За јавното наддавање комисијата ќе води записник кој ќе го достави до директорот на училиштето.

4. Услови за учество на јавното наддавање и уплата на депозит:

4.1. На јавното наддавање можат да се јават само спортски клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари.

Доколку нема заинтересирани клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари на јавното наддавање право на учество имаат и здруженија на граѓани и рекреативци.

4.2. За да може да учествува на јавното наддавање секој понудувач треба да уплати депозит во износ од 1500,00 денари на жиро сметката на училиштето 736010528278710,приходно конто 723911, програма N2, депонент Народна Банка Република Северна Македонија.

4.3. Ако понудувачот нема уплатено депозит нема право да учествува на јавното наддавање.

4.4. Доколку најповолниот не го склучи договорот со директорот на училиштето за користење на училишната спортска сала за термините за кој понудил највисока цена го губи правото да му се врати депозитот.

4.5. Минимален чекор на наддавање изнесува 100 денари.

5. Документи кои се поднесуваат:

– Пријава за учество (образецот е во прилог на повикот).

– Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот).

– Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот).

– Доказ (уплатница за уплатен депозит).

6. Крајниот рок за прием на пријави по овој повик е:

Пријавата за учество на јавно наддавање се поднесува до Комисијата за јавно наддавање во СОУ „Гошо Викентиев“ -Кочани  до 15.10.2024 година до 10:00 часот.

*Потребните документи можат да се подигнат од училишната книжарница во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.

Сподели: