СОУ “Љупчо Сантов” – вашиот прв избор за средно образование

Утре 20 јуни 2024 год. е првиот уписен рок за учениците деветооделенци. Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи и оваа година преку дигитална услуга ќе се овозможи електронско аплицирање кое нема да одземе повеќе од 15 минути.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталите електронски услуги на МОН – https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Првото електронско пријавување ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15:00 часот, додека второто пријавување е на 1 јули и 2 јули 2024 година до 15:00 часот.

Учениците кои нема да можат сами да се најават во системот и да аплицираат можат и во нашето училиштето со помош на уписните комисии да се пријават.

Потребни документи за упис:
-пријава за запишување (објавена на официјалната веб страна на МОН)
– оригинални свидетелства од 6 до 9 одделение
-дипломи, (доколку има од освоено 1,2 и 3 место на државни и меѓународни натпревари]
-извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавање)

Оваа учебна година учениците може да се запираат во следните струки:

– Гимназиско образование – 102 ученици во три паралелки.

– Економско правна и трговска струка – 109 ученици во следниве профили:
* Економски техничар – 25 ученици во една паралелка.
* Е-трговија и дигитален маркетинг – 25 ученици во една паралелка.
* Бизнис администратор – 25 ученици во една паралелка.
*Асистент деловен администратор – 34 ученици во една паралелка.

– Хемиски лабараториски техничар – 25 ученици во една паралелка.

Сподели: