СОУ „Љупчо Сантов“ ги отвори вратите за новите средношколци – слободни 254 места

Средните училишта во Македонија ги отворија вратите за упис на средношколци во новата учебна 2022/2023 година.

Годинава новитет е електронското аплицирање за упис на новите средношколци преку посебен систем изработен од Министерството за образование и наука.

Во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани има 254 слободни места,  распоредени во десет класа од кои четири во гимназиска и исто толкав број во економска струка. Исто така деветоодделенците се запишуваат и во новите две дуални паралелки во профилите бизнис администратор и хемиско-лаборантски техничар.

Како што информираа од СОУ „Љупчо Сантов“ интересот на деветтодделенците за запишување во гимназијата е поголем од лани. Најатрактивни се паралелките од гимназиското образование каде има најголем интерес за запишување како и дуалните паралелки.

Критериуми за избор се средниот успех на ученикот од 6 до 9 одделение, како и средниот успех постигнат по четири предмети (мајчин и странски јазик и два предмети што се од зачење за струката), средна вредност од поени за поведение, како и дипломи од освоени места на државни и меѓународни натпревари.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: