Гимназијата „Љупчо Сантов“ денеска на мини свеченост во училиштето ги прогласи најдобрите ученици од генерацијата 2018- 2022 година.
Теодора Санева е проглсена за ученик на генерацијата 2018/2022 година во СОУ „Љупчо Сантов“, додека пофалници за континуиран одличен успех, придонес и залагање во учењето добија ученичките Марија Донева и Јована Петрова.

– Денес нашето училиште СОУ „Љупчо Сантов“ свечено на Наставнички совет ги удостои со симболични награди најдобрите ученички од нашето училиште во генерација 2018 – 2022 година. Ученички кои изминатите четири години црпеа знаења од наставниците и даваа знаења значаен придонос и врвни награди за училиштето учествувајќи во безброј наставни и воннаставни активности. Тие го подигнаа духот, културата, знаењето и покажаа што значи да се биде ученик во СОУ „Љупчо Сантов“. Чест е да се има такви ученици кои ќе ја продолжат традицијата уште многу идни години – истакнаа од СОУ „Љупчо Сантов“.


Воедно, на ученикот во втора година Никола Малешевски му беше врачена благодарница за освоени врвни резултати, прво и второ место на натпревари по англиски јазик на државно ниво.

На најдобрите ученици од генерацијата училиштето им додели плакети, признанија и симболични подароци.
Одлуката за ученик на генерацијата 2018/2022 во СОУ„Љупчо Сантов“ ја донесе наставничкиот совет по претходно утврдени критериуми при изборот.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов