СОУ „Љупчо Сантов“ ги прогласи најдобрите ученици од генерацијата 2017/2021

На мини свеченост, гимназијата „Љупчо Сантов“ ги прогласи најдобрите ученици од генерацијата 2017/2021 година при што на најуспешните им беа доделени плакети и признанија за постигнатите успеси во текот на школувањето.

Сара Манасиева е прогалсена за ученик на генерацијата 2017/2021 година во СОУ „Љупчо Сантов“, додека пофалници за континуиран одличен успех, придонес и залагање во учењето добија ученичките Љупка Јорданова и Емилија Стојанова. Благодарница за особен придонес и афирмација на училиштето во отсуство беше доделана и на Милена Глигорова, долгогодишна претседателка на Младинската организација „Единство“ при кочанската гимназија.

-Топло и срдечно ги поздравувам и им се заблагодарувам на пофалените ученици за вложениот труд, придонес и залагање со кои помогнаа во градење на целокупниот успех на училиштето. Воедно им посакувам на учениците, овој постигнат успех во гимназијата им биде само почеток на нивните многубројни успеси во иднина, рече Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Одлуката за ученик на генерацијата 2017/2021 во СОУ„Љупчо Сантов“ ја донесе наставничкиот совет по претходно утврдени критериуми при изборот.

И. Матеничарски

Сподели: