СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани аплицираше и доби грант од 30 000 денари преку проектот „Меѓуетничка интеграција“ имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско обрзование преку програмата за Меѓуетничка интеграција во образованието.
Средствата ќе бидат наменети за заеднички активности со партнерското училиште „Неготино “ од село Неготино , Општина Врапчиште. Планирано е да се реализираат две онлајн активности на тема креирање на четири јазичен речник на зборови и изрази за мир, толеранција и разбирање (македонски, англиски, француски и албански) и заедничко истражување од областа на екологијата.
Целта е да се овозможи позитивна интеракција помеѓу младите од различна етичка припадност на ниво на училиште и на заедница. Во активностите ќе учествуваат 48 ученици и 7 наставници.
СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани