Група од 20 ученици и 2 ментори-наставници од СОУ ,,Љупчо Сантов,,-Кочани во периодот од 26ти до 29ти мај во Струга беа учесници на Националниот натпревар на ученички компании кој се реализираше во организација на Џуниор Ачивмент Македонија.
Училиштето веќе 5та година по ред е вклучено во активностите на организацијата преку програмата за ученички компании, кампови на иновации, online платформата-учениците во Циркуларна економија, ЕСП платформа за полагање и стекнување со сертификати за познавање на претприемничките вештини и обуки на наставници за унапредување на нивните вештини и знаења. Јуниор Ачивмент Македонија е програма за развој на претприемничките вештини, финансиската писменост и подготвување на младите за работа која се спроведува во средните училишта во државата и истата е поддржана од МОН, USAID и Фондот на иновации.
На националниот натпревар учество земаа 4 ученички компании кои преку целата учебна година активно работеа под менторство на професорите Весна Ефремова и Љубомир Гацов.
Училиштето СОУ,,Љупчо Сантов,,-Кочани беше прогласено за Најпретприемничко училиште за учебната 2021/22 година. Учениците и наставниците-ментори и во иднина ќе продолжат да се влучуваат во активностите на Џуниор Ачивмент Македонија.