СОУ „Љупчо Сантов“: Презентирани постигнатите резултати од меѓународниот проект „Осум струни за нашите лакови“ на Еразмус + програмата

Во рамките на проектот „ 8 струни за нашите лакови “ поддржан со финансиски средства од програмата Еразмус + во периодот од 05 до 07 јули 2021 година, се одржа последниот меѓународен онлајн состанок на претставниците од проектни партнери учесници во проектот.

Учествуваа наставници од – Pendle Community High School & College / Nelson, United Kingdom, Balikesir Adnan Menderes Anadolu Lisesi / Balikesir, Turkey , Istituto D ‘ istruzione Superriore “R. PIRIA” /Rosarno, Italy, Agrupamento de Escolas de Aljustrel/ Aljustrel, Portugal и СОУ „Љупчо Сантов„ /Кочани ,Република Северна Македонија.

На состанокот со проектните партнери се работеше според предвидената агенда изготвена од домаќинот на настанот- Велика Британија.

Состанокот започна со поздравен говор од страна на директорот на Британското училиште и краток опис на целите и задачите на состанокот. Домаќините преку презентации и слики го преставија своето училиште пред останатите партнери. Потоа се изврши евалуација на сите проектни активности и постигнати резултати при што секој од проектните партнери ги презентираше настаните одржани во својата земја и активностите од страна на учениците.Се дискутираше за одговорностите на сите партнери што треба да ги завршат, за Mobility tool, за истоимениот проект во Etwinning платформата.

Предвидените цели на оваа мобилност беа во потполност постигнати преку ефикасна работа и меѓусебна соработка на проектните партнери.

Информација од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Сподели: