Ученици средношколци од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани учествуваа на меѓународен онлајн натпревар, „Greenathon“ натпревар за средношколци.
„Нашите ученици на овој онлајн натпревар постигнаа врвни резултати, односно ученичката Драгана Трифунова го освои првото место на натпреварот, а ученичките Бисера Филипова, Данче Ајтовска и Ангела Мирова го освоија второто место. На натпреварот учествуваа ученици од Бугарија, Србија, Тетопво, Крива Паланка и Кочани. Нашите ученици работеа под менторство на дефектологот Катерина Димитрова. Целта на натпреварот е младите да понудат креативни и иновативни решенија за еколошките проблеми на заедницата. Хакатонот е настан /натпревар кој се раелизира онлајн на некоја од платформите ЗУМ или Дискорд, работниот јазики е англиски, активностите се одвиваат во период од 52 часа на кој учениците средношколци првиот ден се запознаваат, се делат во групи добиваат свој ментор кој им е достапен во текот на 52 часа, исто како и другите членови на групата.Секоја од групите треба да дефинира проблем на кој што треба да работат во следните два дена заедно со нивните ментори за да на последниот ден ги презентираат нивните решенија за пороблемот, соопштија од „Љупчо Сантов“.
СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани