СОУ „Љупчо Сантов“ – Успешен настап на учениците од гимназијата на натпревари по математика

Во изминатиот период се одржаа натпреварите по математика за средно образование. Овие натпревари се организирани од страна на Сојузот на матматичари на Македонија (СММ), на кои, како и секоја година па и оваа учествуваа ученици од нашето училиште.

Прв се одржа општинскиот натпревар по математика, на 19.02.2022 се по електронски пат преку платформата Microsoft Teams, на кој учествуваа учениците: Стефани Санева (прва година), Ненад Зафироски (втора година), Матеј Беличев (втора година), Андреј Здравев (втора година), Мери Манасиева (трета година) и Теодора Санева (четврта година) при што ги освоивме следниве награди: Стефани Санева и Мери Манасиева ја освоија првата награда, додека ученикот Ненад Зафироски освои пофалница. Овие ученици се под менторство на професорите: Златко Атанасов, Маја Сребренова Митева, Јонче Мијалков, Жаклина Горгиева и Весна Кушевска.

Сите ученици добија можност да учествуваат на 45. регионалнен натпревар кој се одржа на 12.03.2022, со физичко присуство на учениците во СОУУД „Димитар Влахов“, Струмица. На овој натпревар ги освоивме следниве награди: Стефани Санева, Мери Манасиева и Теодора Санева ја освоија третата награда а ученикот Ненад Зафироски освои пофалница.

Нагредените ученици, се стекнаа со право на учество и на државниот натпревар по математика, кој се одржа на 16.04.2022, исто така со физичко присуство на Природно-математичкиот факултет во Скопје, при што ги освоивме следниве награди: Стефани Санева – втора награда и Мери Манасиева – пофалница.

Овие успешни резултати не пласираа на 29. ММО (Македонска математичка олимпијада) која ќе се одржи на 28.04.2022 на ПМФ, на која ќе учествува нашата ученичка Стефани Санева.
Честитки за постигнатите успеси на сите наши ученици и нивни ментори.

Маја Сребренова Митева
професор по математика во СОУ „Љупчо Сантов“ , Кочани

Сподели: