Со литературно читање одбележан 8-ми Март

По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, литературниот клуб „Копнеж“ во соработка со Библиотеката „Искра“ денеска организираа литературно поетско читање, на кое автори од Кочани прочитаа дел од своите творби, сместени во билтенот што  секоја година излегува од печат по повод овој празник.

„ И оваа година го одбележуваме Светскиот ден на жената 8-ми Март, ние  литературниот клуб во соработка со Библиотека„Искра“  организираме литературно читање на кое наши автори се претставуваат и упатуваат пораки и желби на припадничките на понежниот  пол. За оваа прилика подготвивме и билтен кој содржи литературни творби од нашите членови на литературниот клуб „Копнеж“ – рече Тоше Илијев член на литературниот клуб „Копнеж“

По тој повод на припадничките на понежниот пол им беше подарено свежо цвеќе, а настанот беше збогатен и со музичка програма.

И.Матеничарски

Сподели: