Со непостоечки пенал досуден од страна на судијата Никола Иванов, „Осогово“ го загуби дуелот со резултат 1-0 за екипата на „Кожуф“, на мечот што се одигра денес во Гевгелија, во рамки на 16. коло од Втората Македонска фудабалска лига – Исток.
Во 43 минута при обид на фудбалер од „Кожуф“ со „ножички“ да постигне гол, главниот судија покажа на белата точка, веројатно заради „проценката“ на арбитерот дека фудбалерот на „Осогово“ играл со рака. За скандалот да биде уште поголем, пеналот беше досуден по корнер, во акција во која имаше чист прекршок врз играч на „Осогово“
Поради ова управата на ГФК „Осогово“ преку официјално соопштение упати јавни критки до органите во ФФМ што се задолжени за спроведување на лигата, односно до судиската комисија и комесарот за натпреварување. Од „Осогово“ додадоа дека очигледно се фаворизираат само неколку екипи кои во континуитет се штитат, при што побараа одговорност за ова режирано и тенденцијално судење.
Очигледно со вакво непрофесионално однесување на судиите уште повеќе се нарушува и не така добриот углед на Фудбалската федерација на Македонија.
Со овој пораз „Осогово“ останува на претпоследната девета позиција во натпреварувањето, со само шест освоени бода во 16 одиграни средби.
И.Матеничарски
Видео снимки од спорните ситуации:
Резултати на останатите натпревари: