Со нови ЛЕД-светилки се заменува осветлувањето во Спортската сала во Кочани

По дваесет години Спортската сала во ОУ„Кирил и Методиј“-Кочани ќе добие ново, поубаво и поекономично освелтување.

Компанијата „Ќано“ ДООЕЛ Скопје работи на поставување на нови поекономични ЛЕД-рефлектори и светилки во салата.

Директорот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Даниел Кралев информираше дека со промената на осветлувањето салата ќе добие многу поубава и поприродна светлина, а воедно ќе се намали и трошокот за електрична енергија за 50%.

Обновата на осветлувањето во најстарата Спортска сала во Кочани се реализира со средства од буџетот на училиштето.

Воедно, од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ информираа дека преку проект со Министерството за животна средина завршено e хортикултурното уредување на училишниот двор. Покрај оградата на дворот, засадени се 120 зимзелени дрвца од видот туи, со што е разубавен просторот околу училишната зграда.

Сподели: