Со одлука на Владата – ограничено движењето на граѓаните

Од денеска, 24 март 2020 г., важат новите одлуки на Владата за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, е заменета со ограничување на движењето од 21:00 до 5:00 часот, пред сѐ заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Движењето на граѓаните над 67 години е забрането од 11:00 часот до 5:00 часот следниот ден.

Со одлука е ограничено движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден. Сите заклучоци на Владата во функција на преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста КОВИД-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредната состојба во земјава.

Сподели: