Со победата на Станче Алексов отворен е осмиот циклус на проектот Ново Име во Македонија

Со победата на Станче Алексов од Кочани, кој стана (седмо) Ново Име на музиката, отворена е шанса за сите млади од 16 до 30 години од цела Македонија во осмиот циклус на проектот „Ново Име“ да го пријават својот талент и да се изборат за парична поддршка во износ до 2.500 евра за негово унапредување!

Станче е вљубеник во саксофон, со кој интензивно се дружи веќе седум години. Во последно време класичните звуци на саксофонот ги комбинира со електронска музика, творејќи препознатливо, сопствено музичко изразување.

„Среќен сум што успеав да стигнам до титулата Ново Име затоа што се надевам дека на овој начин ќе можам да ги остварам своите желби во врска со мојата музичка кариера. Секако препорачувам на сите млади да се пријават и да пробаат да ја добијат оваа вредна поддршка„ каже Станче.

Да, тој со најубавите бои на звуците успеа да стане седмо Ново Име! До таа титула стигна откако тоа за рака им појде на Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески и Викторија Симеонова, Ново Име на музиката, Ангела Георгиевска, Ново Име на танцот, и Александар Јакимовски, Ново Име на гејмингот.

Но, тука приказната за проектот „Ново Име“, која од почеток на годината во потполност го реализираат компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата NOVOMATIC во Македонија, не престанува.Напротив, како што е и порано наведено, до 15 ноември е отворен конкурс за испраќање на пријави на кој ќе го добиеме осмото Ново Име. Сé се одвива на платформата novoime.mk, а повеќе детали за проектот можете да најдете и на официјалниот Facebook профил и Instagram.

Црнобело

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial