Со положување свежо цвеќе почна одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Делегација од ООУ„Св.Кирил и Методиј“ на чело со директорот Даниел Кралев положија свежо цвеќе  пред споменикот на сесловенските  просветители, светите браќа  Кирил и Методиј, во дворот на основното училиште во Кочани.

Во пресрет на празникот на сесловенските просветители, учениците и вработените во кочанското основно училиште приредија низа настани по повод одбележување на патрониот празник.

– Денеска го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште „Св. Кирил и Методиј“. Патрониот празник го одбележуваме со положување на свежи цвеќе пред спомениот на сесловенските просветители во училишниот двор, а за вечерва од 19 ч. во училишниот хол ќе организираме свечена академија на која наши ученици ќе се претстават со свои точки и ќе ги претставиме успесите на училиштето постигнати помеѓу двата патрони празника, истакна Даниел Кралев, директор на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани.

Букет свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Метоиј положија делегација од локалната самоуправа  и Советот на Општина Кочани, борците од НОВ, ЗГ „Јосип Броз Тито“ партиска делегации на ОО на СДСМ – Кочани, ученици и вработени.

Од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ги поканија граѓаните да присуствуваат на вечерната свеченост во училиштето и да ја проследат програмата подготвена од учениците и наставниците од кочанското основно училиште.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: