По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 февруари, денес во библиотека „Искра“ се одржа промоција на книгата „Зошто станав калуѓерка“ од авторката Ленче Китанова.
Книгата е типично женски роман во кој е опишана судбината на една жена, која по тортурата од својот маж станува калуѓерка. Како што истакна авторката, пораката на романот е да се простува и љуби, бидејки само така се станува подобар човек.
За романот зборуваше и промоторот на книгата м-р Љупка Стојменова, со свој осврт, во кратки црти го презентираше литературното дело, пред љубителите на пишаниот збор.
Пред промоцијата во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, зборуваше и Кристина Ѓоргиевска Атанасова, библиотекар од „Искра“ која истакна дека јазикот е суштински белег и културно наследство на секој народ, со кој се обеденуваат духовната и материјалната култура на човештвото. Атанасова додаде дека јазикот е неизбежен дел од културната меморија на еден народ, независно од тоа дали е голем или мал и истиот треба да се негува и промовира.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 февруари е прогласен на 30-тата конференција на УНЕСКО во 1999 година , како начин за промоција на мајчините јазици во светот.
И.Матеничарски
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2020/02/DSC_3488.jpg)
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2020/02/DSC_3483.jpg)
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2020/02/DSC_3486.jpg)
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2020/02/DSC_3484.jpg)
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2020/02/DSC_3489.jpg)