Со промоција на песната „Подари љубов“ одбележана ПХВ неделата

Според традиционалниот календар на Црвениот крст секоја година од 21 до 27 септември се одбележува “Недела на промоција на хумани вредности”.

Целта на неделата е промоција на култура, мир, соживот, толеранција како и поттикнување на активизам помеѓу младите луѓе. Активноста е унифицирана и се спроведува на територија на целата земја, во секоја Општинска организација на Црвен крст.

Оваа година,   се промовираат песни кои се напишани, аранжирани, компонирани и снимени од страна на волонтерите. Веќе еден месец и младите од кочанскиот црвен крст го поминуваа креативниот процес на пишување и создадоа песна преку која  го опишаа волонтирањето, помошта во заедницата, промените кои ги прават и добрината која ја шират.

-Како ПХВ младинци тие се потрудија и ја искористија нивната креативност со тоа што најпрвин напишаа текст, ја компонирааа мелодијата и заеднички снимавме спот. Песната ја претставивме на социјалните мрежи, а тематиката на истата се однесува на хуманите вредности, промовирање на нашите принципи и работа, истакна Христина Христова, ПХВ дисеминатор.

Секоја година за одбележување на неделата на промоција на хумани вредности се одбележува со различни активности. Годинава поради епидемијата  со КОВИД 19 активностите и работилниците поврзани со проектот  волонтерите ги реализираа онлајн, а преку онлајн состаноци ја договорија и песната за снимање.

Сподели: