Со јапонски грант ќе се реконструира кровната конструкција на ООУ „Раде Кратовче“

ООУ „Раде Кратовче“ доби јапонски грант  во вредност од  70 илјади евра за реконструкција на кровната површина на училишната зграда. Договорот за добивање на средствата беше потпишан минатата седмица во Скопје, во присуство на претставници од Општина Кочани и кочанското основно училиште.

– По 45 години повторно ќе биде реконструиранa кровната конструкција на нашето училиште. Проектот е од големо значење за сите нас. Самиот процес го водеа двајца вработени од училиштето, односно Драган Трајчев и Ана Симонова. Ќе добиеме нов покрив, согласно денешните нови современи стандарди, а со тоа ќе продолжиме да созадаваме нови подобри услови за работа, како што заслужуваат сите наши вработени и ученици. Откако е изградено училиштето во 1936 година, покривот бил реконструиран само еднаш во далечната 1980 година. По скоро 45 години, покривот е во многу лоша состојба, а вработените и учениците изразуваат сериозна загриженост за можноста тој да се распадне. Покривот е направен од стра дрвена градба, која е со површина од 785 квардратни метри. Покриот нема ниту хидро изолација ,а таванот е направен од трски. Сите овие стари и истрошени материјали предизвикуваат истекување на водата во крвот. Втората директна закана е што водата истекува близу до електричната инсталација, а тоа претставува и потенцијална закана за пожар. Ова се главните прични поради кои ние имавме апликација до јапонската амбасада, истакна Глигор Гацовски, директор на ОУ „Раде Кратовче“.

Градежните работи се планирани да отпочнат по завршување на учебната година, однoсно во втората половина на месец јуни годинава.

Сподели: