Локалната самоуправа на Општина Зрновци започна со асфалтирање и изградба на две улици и локален пат за поврзување на населените места во општината.


Градежна механизација ги асфалтираше улиците „Никола Карев“ и „Филе Ристов“ во Зрновци и обиколница за истите како и изградба на локален пат од Зрновци до населеното место Мородвис.

– Со рекордни 30 милиони денари во Зрновци започнува градежна офанзива за асфалтирање на улици и изградба на пат. Реализирањето на проекти е круна на посветеното работење, вложениот труд и многу енергија на задовоство на сите граѓани и посетители на општина Зрновци. Она што го ветуваме го реализираме во целост, продолжуваме одговорно и посветено да ја градиме и развиваме општина Зрновци, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.
