Спасов: На 6-ти септември започнува ДАФ

Пред неколку денови објавивме дека течат подготовките за ДАФ 2020 година.

Благодарение на заложбите и финансиската поддршката што фестивалот  ја доби од Градоначалникот, г. Николчо Илијев и Советот на Општина Кочани, а следејќи ги препораките на Владата на РС Македонија за организирање настани, Собранието на ДАФ Кочани го најавува одржувањето на традиционалниот фестивал, кој, оваа година наместо во месец мај, ќе се одржи во повеќе викенд-изведби, во септември и првиот викенд од октомври.  

Фестивалот ќе се одржi на отворено, а ќе започе на 6 септември, недела, во предвечерието на Денот на ослободувањето на Кочани, на Споменикот на слободата.

Програмата и локациите на настаните ќе бидат објавени на 31.8.2020. Фестивалската управа ги следи препораките на здравствените власти и протоколот за организирање настани од Владата на РС Македонија и најавува фестивал кој строго ќе се придржува до нив.   

За подетални информации следете ја фејсбук-страницата на ДАФ Кочани. 

Дарко Спасов-претседател на Собранието на Драмскиот аматерски фестивал

Сподели: