“Споделување знаење за играта шах” – Едукативна работилница за основци

ЈОУ Библиотека, ,Искра” го реализираше вториот дел од едукативната програма ,,Споделување знаење за играта шах” во соработка со Шаховскиот клуб ,,Кочани” Кочани, на која учесници беа учениците од IV одд. од ОУ,,Св.Кирил и Методиј ” Кочани, наставници ментори Марина Петрова и Сузана Горгиева.

Најмладите ги поздрави актуелниот претседател на клубот, Благоја Ситновски изразувајќи задоволство за присуството на учениците во клубот, а за најзначајните елементи за играта шах на децата им говореше еден од најистакнатите кочански шахисти со врвни достигнувања во шахот, Владимир Тркаљанов кој децата го следеа со посебно внимание.

Координатор на програмата, библиотекар советник, Магдалена Кочовска Салтирова.

Сподели: