Спречен обид за подметнување пожар во населбата Усова Чешма

Вчера во Кочани беше спречен уште еден обид за подметнување пожар во населбата Усова чешма, но благодарение на брзата интервенција на кочанската противпожарна единица пожарот беше брзо локализиран и изгаснат. Постоеше опасност од проширување на пожарот кон селата Оризари и Пресека.

Мештаните го забележале потпалувачот и се обиделе да го фатат, но тој успеал да им побегне.

„Затоа апелираме до сите совесни граѓани да ги пријавуват лицата за кои се сомневаат дека се обидуваат да потпалат оган и да предизвикаат пожар. МВР работи на пронаѓање на идентитетот на потпалувачот. Меѓу другото се прегледуваат и снимките од камери поставени околу местото на потпалувањето“, соопшти Центарот за управување со кризи.

Сподели: