Граѓанската иницијатива „За здрав живот “ во Кочани денеска беше домаќин на Јавната трибина што со поддршка на Центарот за современи уметности од Скопје се спроведува во повеќе градови низ државата.

На трибината присуствуваа граѓански активисти и претставници на невладини организации, здруженија на граѓани и организации кои се занимаваат со граѓански активизам во локалните средини на делување.

– Целта е преку ваков вид на трибини е да се види правецот во кој се движи граѓанскиот активизам и како поуспешно да се развива во Македонија. Идејата е да се разговара за тоа што се случува на полето на активизмот во локалните средини, како да се усогласи со останатите граѓански активисти од регионите, се со цел да се постигне поголем успех во делувањето за поголеми промени и решавање на проблемите на граѓаните преу активистички пат, истакна Никола Писарев од Центарот за современи уметности – Скопје.
Граѓански трибини од ваков вид досега се организирани Велес и Штип, а караванот продолжува со регионални средби во Струмица, Скопје и западниот дел од Македонија.

Од Центарот за современи уметности од Скопје најавија дека по завршување на регионалните трибини ќе формира група од активисти со цел меѓусебна соработка за организирање на граѓански акции за заедничко делување.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов

