Со промоција на книга за деца од црногорскиот автор за деца Жарко Вучиниќ и изложби на дела, ЈОУБ „Искра“ ја заврши целонеделната фестивалската програма во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на детето.
На завршницата на фестивалот, преку онлајн платформата „Зум“ беше промовирано делото „Девојчето Тара и волшебното дрво“ на црногорскиот писател за деца Жарко Вучиниќ.
Воедно, во просториите на библиотеката беа отворени две изложбата на ликовни творби „Со книгата учам и патувам“ насликани од корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост и изложбата на дела на учениците од Школата за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани.
Повеќедневната програма на фестивалот изобилуваше со низа културни настани, саеми на книга, промоции на дела за деца и едукативни работилници за најмалите.
Програмата беше дел од Годинашната програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата во областа на литературната и издавачка дејност на Министерството за култура на Р. Македонија.
Фото: А. Арсов