Спуштена завесата на 32.издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“

Со концерт во Паркот на револуцијата на караванот „Македонијо во срце те носиме“, вечерва во Кочани беше спуштена завесата на 32. издание на културно – уметничката манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

Со звуците на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ во изведба  на популарни македонски музички интерпретатори, Паркот на револуцијата во Кочани пулсираше во ритамот на македонските родољубиви песни преработени во ново руво.

Во текот на тритте празнични денови на програмата се најдоа петнаесетина содржини од културно-уметнички, стопански и забавен карактер. Промоција на книги, изложба, уличен театар и огнено шоу, крнунисување на жетварската убавица како и традиционално зажнејување на ориз.

Градот Кочани изминативе денови беше домаќин на голем број на делегции од Македонија и странство што во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ го промовираа и афирмираа градот и оризовата култура.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: