Министерот за локална самоуправа, Златко Перински и градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев денеска остварија работна средба на која разговараа можностите за финансиска поддршка на министерството на проекти и програми на Општина Зрновци.
-По распишувањето на вториот јавен повик за поддршка на општините за инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари, општина Зрновци ќе добие финансиска подршка од 18 милиони денари за изградба на два локални патни правци од витално значање за граѓаните, посетителите и развојот на општината. За прв пат во историјата на Македонија Локалните самоуправи добиваат огромна максимална подршка од Владата на Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски со што заедно ќе постигнеме позитивни и реални резултати значајни за подобрување на нашите заедници и квалитетот на живот на сите граѓани во нив, соопшти градоначалникот Коцев.