За да помогне во решавањето на проблемите со кои се соочуваат оризопроизводителите,градоначалникот на Кочани Николчо Илије одржа работна средба со претставници од земјоделските здруженија, кластери, откупувачи и преработувачки капацитети за ориз и индивидуални оризопроизводители од Кочани.
– Имаме проблеми со пристапните полски патишта.Општината и Катастарот можат да ја решат узурпацијата и овие патишта да се пробијат,паземјоделците да имаат пристап со својата механизација. На потешко достапните места треба да се реши протокот на водата до нивите и да се подобри соработката со ЈП Водостопанство „Брегалница“ за чистење и одржување на вадите и каналите– образложија земјоделските претставници.
Градоначалникот Илијев истакна дека Општина Кочани може да им помогне на замјоделците во решавањето на овие проблеми, како и со стручен кадар како поддршка во аплицирањето за механизација од ИПАРД-програмата.
Посебен акцент на средбата беше ставен на проблемот со палењето на стрништа и балирањето на сламата како еден од најголемите проблеми во загадувањето на животната средина.
–Се договоривме откупувачите на ориз да обезбедат спецификации за потребните роло-балирачки и сечкалки за слама за комбајните, кои Комуналното јавно претпријатие„Водовод“ би ги набавило за поефикасно собирање на сламата за потребите на Пречистителната станица во с.Мојанци. Констатиравме декасо пробивањето на полските патишта и функционирањето на исцедните канали, 80% од оризовата слама би можела да се собере, а со тоа и да се намали палењето на стрништата – соопшти градоначалникот.
Разговарајќи за состојбите во оризопроизводството, беше потенцирано дека во моментот цената на оризоте реална и се движи од 18 до 26 ден. за арпа и 45 до 50 денари за бел ориз.Исто така беше нагласено дека запоевтино производство потребно е окрупнување на земјоделските парцели и организирање на индивидуалните земјоделци во земјоделски задруги.
Нова средба со оризопроизводителите во поширок состав ќе се одржи на почетокот на идниот месец.