Средби во рамките на програмата „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“

Во рамките на втората фаза од РОМАКТЕД-програмата на Советот на Европа и Европската Унија – „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“, вчера во салата за состаноци во Општина Кочани  беше реализирана средба на  претставниците на Советот на Европа, Институтот за анализи „Ромалитико“, координаторот од Општината и фасилитаторот за Општина Кочани.

На средбата се разговараше за процесот на тековни проекти кои се финансирани од програмата, а потоа претставниците се сретнаа со туторите и го посетија местото каде што се планира изградба на парк.

Сподели: