СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани беше единствен македонски претставник во Европскиот парламент во Стразбур во рамки на еднонеделната годишна сесија на програмата Euroscola.
Под мотото „Од енергетска криза кон одржлива иднина, мерки на ЕУ против климатските промени“ тимот од 24 средношколци од кочанската гимназија биле едни од најјактивните на сесијата за што добиле и јавна пофалба од страна на модераторката на настанот „Не сте членка на ЕУ, а најгласни сте“.

Учениците беа предводени од професорот Александар Михајлов, а таму имаа можност да дискутираат, преговараат и разменуваат мислења со своите врсници од другите земји учеснички. Исто така имаа можност да се запознаат и со работата на Европските институции и да разговаарат за европските права и вредности како и за демократијата.

Програмата Euroscola во Стразбур обединува ученици на возраст од најмалку 14 години од сите 27 земји членки на ЕУ, од земји апликанти и поранешни земји-членки.
И. Матеничарски