Осумнаесет ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ земаа учество на онлајн натпреварот „Имам став“, во организација на Собранието на Р. С. Македонија.
Тие преку виртуелна посета на македонското Собрание првично се запознаа со надлежностите на парламентот и начинот на работа, а потоа поделени во три групи работеа на решавање на проблем во својство на пратеници. Учениците беа оценувани од страна на актуелни пратеници од Собранието за што на крај добија и сертификати.
На онлајн натпреварот учествуваа и ученици од средни училишта од Скопје, Битола и Велес.
Учениците работеа под менторство на професорите Александар Михајлов, Елена Трифуновиќ , Јасминка Ѓеоргиевска и дефектологот Катерина Димитрова.
СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани
Сподели: