Во добра здравствена состојба е четиримесечното бебе од Кочани кое е заразено со коронавирус.
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека изминатите денови бебето е третирано со посебна терапија за појачување на крвта, а на Клиниката е под постојан надзор на педијатар и инфектолог.
Исто така стабилна е и состојбата на двегодишното дете кое во саботата беше приемено на Клиниката за инфективни болести со позитивен тест на коронавирус. Засега од ресорното министерство не потврдуваат од каде и како се заразени децата, ако се земе предвид дека тестовите на нивните родителите се негативни.
Во изминатото деноноќие во Кочани нема регистриран нов случај на заразен од КОВИД-19. Досега вкупната бројка на заболени е 22 лица од кои 21 се активни случаи.
И.Матеничарски