Во салон Фоаје 2 при Центарот за култура „Бели мугри“ вечерва беше отворена изложбата на дела „Стара архитектура“ на учениците од училиштето за цртање и сликање при националната установа.

На изложбата се поставени стотина дела, нацртани од учениците при училиштето, на теми поврзани со старата архитектура во градот Кочани и пошироко.


Делата се насликани од триесетина млади уметници кои изминатиот период твореа во најразлични техники и се обидоа автентично да ја прикажат старата архитектура во околината.


Раководителката на Училиштето за цртање и сликање, м-р. Александра Димитрова истакна дека изложбата е плод на макотрпна работа на младите уметници.


Изложбата ќе биде отворена за публиката во наредните две седмици.
И. Матеничарски