Старица настрада во пожар во куќа во Оризари, полесно повреден пожарникар

80 – годишна старица настрада во пожарот што утрово се случил во семејна куќа во месноста Устран Дол во населбата Оризари.

Пожарот започнал во една од просториите на куќата и бргу се проширил на таванот и крвоната констуркција при што најверојатно од задушување старицата која живеела сама починала.

– Дојавата е добиена во 09: 52 ч. преку СОС бројот 112. Од страна на Територијалната противпожарна единица – Кочани првично излеговме со две возила и тројца пожарникари, а на помош подоцна пристигна уште едно возило со двајца пожарникари. Стануваше збор за опожарена куќа во која при самиот влез во објектот пронајдовме опожарено постаро женско лице без знаци на живот. Пожарот го ликвидиравме во 12 ч. при што целосно е изгорена една од просториите, оштетена е кровната конструкција која е од трска и останати простории, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Екипа на Итната медицинска помош на лице место констатирала смрт на пронајденото лице. При гасењето на пожарот полесно е повреден еден пожарникар на кој му е укажана медицинска помош на лице место.

И. Матеничарски

Сподели: