Со одигрување на натпреварот помеѓу екипите на „Шери Казино“ и „Магни Фицинет“ на терените на повеќенаменското спортско игралиште во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, вечерва беше отворено 21. Издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2023 год.

На годинашново издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал пријавени се 12 натпреварувачки екипи, поделени во четири натпреварувачки групи кои ќе одиграат вкупно 23 натпревари.

– На овие терени започнаа многу фудбалски кариери, се афирмираа многу спортисти, тука завршуваат и кариерите на оние кои го посветија својот живот на фудбалот и дадоа придонес за фудбалско Кочани. Да продолжиме во тој дух, нека доминира спортскиот дух, другарството и пријателството, а на крајот нека победи најдобриот. Посакувам успешни натпревари и во исто време го прогласувам 21. Петровденски турнир во мал фудбал за отворен, истакна на отворањето, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

На првиот ден од Петровденскиот турнир, екипата на „Шери Казино“ го декласираше тимот на „Магни Фициент“ со резултат од 10:0, додека на вториот дуел помеѓу екипите на „Мастер Мустафа“ и „Ауто Велт“ со резултат од 4-2 поуспешни беа фудбалерите на „Велт“.


За утре, 29.06.2023 год. на терените на повеќенаменското спортско игралиште во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одиграат средбите помеѓу:
19 ч. „Џинер Бар“ – „Рели“
20 ч. „Але Дар“ – „Ефремови“
Финалето на турнирот е закажано на Петровден, 12 јули.
На турнирот ќе бидат прогласени најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари.
Годиинашново издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал е во организација на ОФС – Кочани и Општина Кочани.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов

