Со одигрување на натпреварот помеѓу екипите на „Џинџер“ и „Ауто Велт“ на терените на повеќенаменското спортско игралиште во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, вечеравечер беше отворено 22.издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2024 год.


На годинашново издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал пријавени се 8 натпреварувачки екипи, поделени во две натпреварувачки групи кои ќе одиграат вкупно 16 натпревари.

На првиот ден од Петровденскиот турнир, екипата на „Ауто Велт“ го победи тимот на „Џинџер“ со резултат од 3:2, додека на вториот дуел помеѓу екипите на „Астон Вила“ и „Рели“ со резултат од 4-8 поуспешни беа фудбалерите на „Рели“.

Турнирот го прогласи за отворен градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.
За утре, 02 јули 2024 год. на терените на повеќенаменското спортско игралиште во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одиграат средбите помеѓу:
19 ч. „Естон Дизајн“ – „Аледар-Премиум“
20 ч. „Амфенол“ – „Масив дизајн“
Финалето на турнирот е закажано на Петровден, 12 јули.
На турнирот ќе бидат прогласени најдобар играч, стрелец и голман.
Петровденскиот турнир во мал фудбал е во организација на ОФС – Кочани и Општина Кочани.
И. Матеничарски
