Златен медал за кочанецот Столе Ефтимов на Меѓународниот турнир во борење „Адем Јашари“ што викендов се оддржа во Елесан- Косово.
Како борач на скопска „Илириа“ Ефтимов се натпреваруваше во категорија до 92 килограми.
Во првата и втората борба се сретна со претставник од турскиот дел од Кипар и натпреварувач од Косово кои успешно ги совлада. Во финалето Ефтимов извојува победа против репрезентативец од Албанија која му го донесе првото место во категоријата на натпреварување. Сите борби Ефтимов ги доби со технички туш.
Ова е уште еден од низата успеси на младиот борач што е резултат на вложениот труд во оваа боречка дисциплина.
И.Матеничарски