Столе Марковски од Кочани е добитник на наградата „Жан Моне“ за најдобра аматерска фотографија што ја доделува Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми.
На свеченоста што се одржа во Европската куќа во Скопје, покрај Марковски со награди се закитија и новинарот на „360“ степени Зоран Јовановски за најдобра новинарска сторија како и фоторепортерот во весникот „Вечер“ Наке Батев за најдобра репортерска фотографија.
Наградите беа доделени лично од Евроамбасадорот Самуел Жбогар.
На конкурсот учевствуваа 43 новинари со 59 новинарски стории, 15 професионални фоторепортeри со 40 фотографии и 24 аматери со исто толку фотографии.
Фотографијата на Марковски беше избрана од жирито за најдобра аматерска фотографија на конкурсот.
И.Матеничарски
