Стојанка Панајотова од Кочани, мајка на првото родено бебе во Македонија

Првото родено бебе во Македонија за 2023 година е машко, прво дете на 22-годишната мајка Стојанка Панајотова од Кочани.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за здравство Беким Сали, денеска го посетија првото родено бебе во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Скопје.

Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска информираше дека првото родено бебе е машко, прво дете на 22 годишната мајка Стојанка Панајотова од Кочани. Тешко е 3720 гр. и долго 51 сантиметар, родено во првата минута по полноќ.

Министерот Сали во изјава за медиумите им посака на мајката и бебето добро здравје, успеси, радости и среќно детство со многу насмевки.

Сподели: