Почитувани,
Опозицијата СДС, откако ја изгуби власта започна со хистерични реакции и небулози, кои допираат далеку од фактичката состојба и реалност.
Исто така опозицијата го злоупотребува името на ВМРО – ДПМНЕ како општинска организација, за да креира лажна слика за промените и проектите кои допрва доаѓаат.
Почитувани господа од СДС, големо благодарам за последната ваша реакција во која потенцирате забрана за градба на објект во заштитено подрачје.
Сега народот навистина гледа дека законот важи за сите граѓани без разлика на партиската припадност, нема привилегии за било кој партиски поединец. На оваа ситуација, Вие не сте навикнати бидејќи порано во Кочани се градеа објекти како хотели и плантажи кои не се легални.
ВМРО – ДПМНЕ јавно ги повикува сите институции да го испитаат случајот во врска со нелегалноста на претходно споменатиот објект.
Дивите градби,
почитувањето на законските норми и регулативи, се болна точка на Кочанската општина, односно проблем кој сегашната опозиција не можеше да го реши.
Зошто не ги запревте дивите градби над Трајаново трло кои растеа како печурки во ваше време?
Зошто не ја сопревте кражбата на струја која намерно и промолчано ја дозволувате за партиски гласови ?
Зошто не го критикувате вашиот партиски лидер кој во неговата политичка кариера , направи илјадници скандали и форми на криминал?
Со почит,
ОК на ВМРО – ДПМНЕ , Кочани.