Почитувани, во контекст на одржаниот протест на 08.03.2021 г. од жителите на населба Трајаново Трло, го замолуваме Градоначалникот Николчо Илијев јавно да одговори на следниве прашања.Истите тие прашања се во врска со планираната инвестиција за нови социјални домови во непосредна близина на населбата Трајаново Трло, кои делумно ќе бидат финансирани од општинскиот буџет:
1.Кои се лицата што ќе добијат ваков дом?
2.Дали тие лица се жители на општина Кочани или се жители на други општини?
3.Дали ќе им се провери криминалното досие на тие лица што ќе добијат социјални домови?
4.Дали со овој потег на Николчо Илијев само ќе се зголеми криминалот во оваа населба?
5.Дали Николчо Илијев им го решава стамбеното прашање на криминалците?
6.Дали општина Кочани е обврзана да решава стамбени прашања на граѓани што не се жители на општина Кочани?
7.Дали како главни критериуми за апликација за ваков дом ќе биде чисто криминално досие на апликантите?
На самиот протест градочалникот изрази жалење и кажа дека работите полека се поприлично излезени од контрола, па во догледно време ќе очекуваме и министерот Оливер Спасовски да ја даде истата изјава за градоначалникот.
,,СЕКОЈ ГЛАС ДАДЕН ЗА НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ, Е ГЛАС ДАДЕН ЗА ЗОРАН ЗАЕВ”.
Со почит
Мирче Стојков-Претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Кочани