Студија за развој на зимски туризам на Осоговските планини

Градоначалниците од Брегалничкиот регион  се за развивање на зимски туризам на Царев врв на Осоговските планини.

Според изготвената студија планирана е изградба на десетина ски патеки, жичарници, но и комплетно нова инфраструктура. Сумата од 19 милиони евра за првата фаза засега се недостижни, па затоа очекуваат помош од Владата.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев за изјава за Телма рече дека студијата предвидува изградба на стази во должина од 22 километри, а воедно ја истакна и потребата од изградба на инфраструктура за пристап до самиот врв.

Со швајцарски грант од над 90.000 евра се очекува и реконструкција на ски лифтовите, а воедно оваа година во функција треба да бидат ставени топовите за вештачки снег кои се донација од Мепсо.

Осоговските планини нудат одлична можност за развој на зимски туризам, со оглед на тоа што Пониква е единствениот ски центар на истокот од државата.

Сподели: