Судир на два трактори во Тркање- едно лице тешко повредено

Вчера во 12:30 часот во село Тркање,кочанско на ул. „Гоце Делчев“ трактор „имт 533“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(65), удрил во паркиран трактор ,,имт 539“ со кочански регистарски ознаки, сопственост С.А.(55), и двајцата од село Тркање.

Во незгодата Т.Б. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Претходно уште две сообраќајни несреќи се случија во близина на Кочани , а билинсот од овој црн сообраќаен викенд е 4 повредени лица.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial