Сушата и ненаводнувањето го исуши зеленилото во Трговскиот центар

Високите температури, сушниот период и ненаводнувањето ги исушија дел од 80 садници туја кои како донација од Ротари-клубот „Кочани-Виница“  беа засадени во рамки на хортикултурното уредување на  Трговскиот центар во Кочани.

Пожолтената зелена маса во Трговскиот центар која требаше дополнително да го разубавува просторот сега  остава лоша слика на околината и упатува на нечија негрижа.

Исушени садници бор можат да се забележат и на новото детско игралиште во Трговскиот центар, а неколкуте кои уште опстојуваат и ја разеленуваат околината,  „преживуваат“ само поради еколошката свест на сопствениците на околните објекти.

На денешните фотографии од „зелените“ површини  во Трговскиот центар може да се забележи дека на површините е инсталиран систем за наводнување кој не функционира или неговото оспособување и поставување требало да се случи многу порано.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: