Почитувани сограѓани,

Силно сме посветени во еколошките инвестиции како неизбежен дел од политиките за здрава и чиста средина.
Животната средина е високо на нашата зелена агенда што ќе се потврди и со уредување на речното корито во должина од 1462 метри, на локација каде што најголем дел од граѓаните на Кочани го поминуваат своето слободно време.
Предвидена е регулација со потпорни ѕидови, заштита на бреговите од ерозија и појасни каскадни прагови со кои ќе се спречи продлабочување и локално поткопување.
Со уредувањето на речното корито, тој дел од градот ќе добие нов лик, а паралелно ќе се изградат пешачки и велосипедски патеки и хортикултурно ќе се уреди во нови садници.
Имаме јасна идеја и јасен план за развојот на градот. Се грижиме за поквалитетен живот за сите граѓани, за зелено и чисто Кочани!
Граѓаните знаат дека и на овие локални избори, излегуваме со чесна понуда која што го носи најдоброто за нашата општина.
Заеднички ја градиме за денес и утре!
Кочани го заслужува најдоброто!
Ви благодарам.
Тодорка Таковска
Кандидат за советник на советничката листа во Општина Кочани од СДСМ и коалицијата




