Талентираната Ангела Георгиевска во конкуренција за „Ново име“ на Македонија за месец август

Младата и талентирана танцувачка Ангела Георгиевска е во конкуренција за победник на онлајн натпреварот „Ново име“, што во целост го реализираат компаниите „ХТЛ Македонија“ и брендовите-членки на групацијата „Новоматик.

-Мојот талент и најголема страст е танцувањето. За мене не постои поубаво чувство од движењето на парче музика додека остатокот од светот исчезнува. Танцувам модерен танц веќе три години со моите другарки Ева Илиевска и Дајана Стоевска. Иако имаме низок буџет, тоа не не спречи во последните три години да освоиме 73 медали и 49 пехари. Се имаме натпреварувано и во соседните држави, но за уште поголеми успеси ни се потребни уште поголеми финансии, истакна Ангела Георгиевска, учесник во натпреварот „Ново име“ Македонија.

Со цел да и помогнеме на Георгиевска  за што повисок пласман, потребно е да го дадеме својот глас на следниот линк со претходно најавување.

Воедно на линкот можете да го погледнете танцот преку кој Ангела, Ева и Дајана, членови на Студиото за модерен балет „Магија“  се претставија на онлајн натпреварот.

Гласањето завршува на 31-ви август на полноќ, така што веќе на 1-ви септември  ќе се знае победникот кој ќе ја осови титулата  „Ново име“ во Македонија за месец август.

„Ново име“ е нов проект со желба да ги поддржат и да ги охрабрат младите од Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност до 2.500 евра.

И.Матеничарски

Сподели: