Тасим Компанија во Кочани отвори туристичка агенција како проширување на дејноста за превоз на патници што компанијата успешно го извршува повеќе од 25 години.
Агенцијата нуди аранжмани за летување и зимување, хотелско и апартманско сместување, авионски и автобуски билети, еднодневни екскурзии и изнајмување на автобуси.
– Денес ја прошируваме нашата дејност со отворање на туристичка агенција што ќе понуди широк избор за нашите клиенти. Со зголемување на возниот парк и бројот на задоволни клиенти одлучивме да ја проширие нашата дејност и да понудиме квалитет на пазарот. Се надеваме на успешна работа, а наша единствена цел се задоволните клиенти и што повеќе поминати километри, истакна Гоце Тодев, сопственик на ТА „Тасим Компанија“.
Тасим Компанија е основана во 1999 година и досега на пазарот успешно извршува јавен превоз на патници со модернизирани возила и висока професионалност во работењето.
Канцеларијата на туристичката агенција се наоѓа во Трговскиот центар Блок Б на приземјето кај Големиот паркинг.
Работно време од пон – саб од 11 – 18 ч.
Контакт: 077 685 486